Охрид ќе има жетва од туристичката сезона, смета градоначалникот, Александар Петрески. Тој вели, дека градот е подготвен да ги дочека гостите од државава и странство, но изрази сомнеж дека случувањата на последните вонредни парламентарни избори позитивно ќе се одразат врз оваа македонска туристичка дестинација.

„Очекувам поуспешна туристичка сезона за разлика од минатогодишната. Локалната власт и хотелите се подготвени да ги дочекаат туристите, но секако, голем придонес имаат и културните манифестации што се случуваат во текот на овој период во Охрид, а кои имаат меѓународно реноме“, изјави градоначалникот Петрески.

Ohridnews