Дакота Џонсон и Џејми Дорнан се нашле на насловната страна на списанието „Ентертејмент Викли“, па така пптврдиле дека ќе ги играат главните улоги во филмот „50 нијанси сиво“. Еротскиот роман кој за кратко време станал планетарен хит, конечно ќе добие своја екранизација откако режисерот Мајкл де Лука пронашол вистинска замена за Чарли Хаман кој во последен момент се откажал од снимањето.

На насловната на списанието се наоѓаат дакота Џонсон, која ќе ја толкува улогата на Анастасија и Џејми Дорнан кој ќе го игра богатиот заводник Кристијан Греј. Премиерата на филмот се очекува да биде на 13 февруари 2015 година.