Со финалниот натпревар од ревијалниот турнир вечерва во селото Подмоље ќе биде пуштено во употреба повеќенаменското спортско игралиште.
Игралиштето во Подмоље е составено во три дела и тоа стадион за мал фудбал, кошарка и одбојка на песок. Исто така има и рефлекторно осветлување што овозможува спортување во вечерните часови.
Новото повеќенаменско спортско игралиште е проект на општина Охрид вреден околу 730.000 денари. Изведувачи на активностите беа охридските јавни претпријатија.
Во Охрид речиси една година функционира повеќенаменското игралиште во населба Лескајца како и игралиштето за одбојка на песок во населбата Воска- Даљан.Во тек се активностите за изградба на игралиштата во селата,Трпејца и Лескоец а во наредниов период ќе се уредуваат игралиштата во населбите, „Христо Узунов “, “Стобекс“ и“Билјанини извори“.
Ново детско игралиште ќе добие и населбата „Даљан“ а постоечкото игралиште ќе добие ново осветлување. Нов привлечен изглед ќе добие и детското игралиште кај мостот „Студенчишта“, а ќе се обнови и спортското игралиште во близина на Територијалната против пожарната единица во Охрид.
Ohridnews