Борбената Барби, како што ја нарекуваат нејзините колеги, за компанијата Ла Сенза им нуди на вооружените сили во Велика Британија долен веш по пониски цени. Катрина Хоџ (22) оваа година била прва придружничка на Мис Англија, во слободното време е модел, а и покрај тоа вели дека нејзиниот живот е британската армија.


Вели дека ужива на пистата, но и дека пред се таа е војник. Вели и дека го сака животот во војската и дека се надева оти ова ќе биде инспирација и други жени да и се придружат на армијата. Таа служела во Ирак каде во 2005 година ја одликувале со медал за храброст. Снимила реклама за долен веш, а на војниците им нуди попуст од 15 проценти.