Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2019 година, на територијата на Општина Охрид се регистрирани 59 дивоградби. Од нив 8 се објекти за домување, 11 биле доградби и надградби, 1 деловен објект, 1 гаража, 13 огради, 12 настрешници и 13 помошни објекти.
Во истиот период во Општина Струга регистрирани се 46 дивоградби, од кои 13 се објекти за домување.
Во текот на 2019 година, на територијата на Република С.Македонија се регистрирани 866 бесправно изградени објекти.
Според видот на објектот, бесправно се изградени 160 објекти за домување1, (18.5 %), 94 доградби, надградби и адаптации (10.9 %), 55 деловни објекти (6.4 %), 64 гаражи (7.4 %), 196 огради (22.6 %), 14 скалила (1.6 %), 27 тераси (3.1 %), 46 летни тераси (5.3 %), 92 настрешници (10.6 %), 14 времени објекти (1.6 %) и 104 помошни објекти (12.0 %).
Најголем број бесправно изградени објекти (98.4 %) се во приватна сопственост.
Г.М.