Денека во Струга официјално беше пуштена во употреба новата општинска зграда. На свеченоста присуствуваа голем број министри, владини претставници и пратеници. Администрацијата на Општина Струга се пресели во реновираниот објект на поранешното основно училиште „Браќа Миладиновци“.

Со преселувањето во новата зграда, локалната администрација, нагласи градоначалникот Рамис Мерко ќе добие подобри услови за работа, а тоа ќе се овозможат и подобри услуги за граѓаните на Општина Струга.

Овој град, кој секојдневно е развива, има уште потреба за овозможување подобри услови за работа и на други институции, кои се сместени во бараки. Имаме решенија, има многу државни објекти кои се оставени на милост и немилост бараме да се отстапат на општината, а ние да ги реновираме и уредиме во полза на институциите, посочи Мерко.

Во старата општинска зграда, како што информираше градоначалникот Мерко, ќе бидат префрлени службите на централни и локални институции.

Во договор со МВР да ни отстапат дел од затворот и старата зграда им отстапуваме простор на првиот спрат од старата општинска зграда. Таму ќе има канцеларии на јавното правобранителство, пазарен инспекторат, Министерството за правда и други локални и централни институции, каде граѓаните ќе можат да добија подобри услуги, рече Мерко.

На официјалното отворање присуствуваа првиот вицепремиер и министер за политички системи и односи меѓу заедниците Артан Груби, министрите за локална самоуправа Ристо Пенов, за образование и наука Јетон Шаќири, лидерот на ДУИ Али Ахмети, генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ ….

 

OhridNews