Фудбалскиот клуб Лабуништа, следејќи ги инструкциите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) после сугестиите на Владата и Министерството за здраство ќе ги затвори вратите на стадионот во Струга за локалното дерби со Охрид во Втората македонска фудбалска лига-запад. Причини за претпазливоста е појавувањето на корона вирусот во нашата земја.

Почитувани, ве известуваме дека неделниот натпрвар од Втората лига Запад помеѓу ФК Лабуништа и ГФК Охрид ќе се игра пред празни трибини. Вратите на трибините на Градскиот стадион ќе останат затворени за гледачите. – стои во официјалното соопштение од клубот.

Дерби средбата во првата рунда пролетната полусезона во второлигашката конкуренција се игра в недела со почеток во 14 часот.

OhridNews