Шпанската Примера дивизион го доби 8 јуни како официјален датум за рестартирање на фудбалски натпревари. Радосната вест за љубителите на шпанскиот фудбал ја пренесе премиерот на земјата Педро Санчез.

Шпанија на прави сѐ што е потребно за да бидат створени адекватни услови за живот и сега е време народот да им се врати на секојдневните активности. Од 8 јуни повторно ќе гледаме фудбал во Шпанија. – рекол премиерот.

Според планот на челниците на Ла лига натпревари ќе се играат секој ден. До крајот на сезоната во Шпанија секој клуб треба да одигра по 11 натпревари.

Мечевите ќе се играат пред празни трибини.

На табелата во во Премиера лидер е  Барселона со два бода повеќе од лутиот ривал Реал Мадрид.

OhridNews