Манчестер Јунајтед го официјализираше ангажманот на Бруно Фернандеш. Португалецот на Олд Трафорд се пресели од екипата на Спортинг Лисабон во трансфер вреден 55 милиони евра. Целокупниот трансфер може да достигне 80 милиони евра ако фудбалерот исполни некои од условите кои Спортинг ги вметна во договорот со „црвените ѓаволи“.
Големата желба на менаџерот Оле гунар Солскјер потпиша 5,5 годишен договор и во клубот ќе остане најмалку до 2025 година.
Бруно Фернандеш ќе го носи дресот со број 18, кој некогаш беше сопственост на Пол Сколс.
OhridNews