Властите на Дербишир, во централна Англија, одлучиле да ја променат бојата на водата на едно загадено езеро и да ја oфарбаат со црна боја како би ги одвлекле луѓето до капење. Изгледот може понекогаш да лаже. А езерото Хaрпур Хил било вистински пример за тоа. Неговата вода со тиркизна боја која сјаела сед напуштен каменолом, ги привлекувала капачите како магнет. Езерото, чиј идиличен пејсаж потсеќал на Бахамите или Сејшелите, всушност претставувало сериозна закана за здравјето со оглед на високото ниво на загаденост. Како што пренеле медиумите, со капењето во него луѓето се изложувале на PH фактор од 11,3 кој може да се најде во средствата за дезинфекција и кој може да предизвика различни кожни инфекции и иритации како и стомачни тегоби.
Но и тоа не било се. Властите напоменале дека дното на езерото било полно со зарѓани автомобили и мртви животни. Но и покрај бројните предупредувања, жителите на блиското село продолжиле да се капат во езерото, па властите се одлучиле за оваа радикална мерка, односно го oфарбале езерото со црна боја како би го направиле што понепривлечно. Еден од жителите на селото рекол дека езерото изгледало магично, но било ужасно опасно.