Електро машинскиот училишен центар “Св. Наум Охридски” доби своја химна. Идејата зад која стои професорката Жармена Китрозоска по долго време конечно е реализирана, информира училиштето.
Една идеја која долго време се разгледуваше конечно се оствари. На иницијатива на професорката по Македонски јазик и литература, Жармена Китрозоска се направи училишен бенд составен од наши вредни ученици, идни инженери. На овој свет ден ја објавуваме химната за Св. Наум Охридски, создадена по повод патрониот празник на ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски” – Охрид.
На песната која е снимена во студиото на Димче Китрозоски работеа повеќе професори и ученици.
Голема благодарност до Димче Китрозоски, што направи прекрасна песна, на Јана Кузманоска што напиша одличен текст, на помошта на професорот по Музичка култура Славчо Китаноски, на нашата ѕвезда Благојче Тодоровски што ја отпеа песната, на преталентираната флејтистка Марија Лазаревска, на тројката гитаристи Анастасија Секулоска, Андреј Јованчев и Бојан Бандулиев, на басистот Кристиан Трифуноски и посебно сме благодарни на Ангел Крстески кој со знаковен јазик овозможи да ја “слушнат” и оние што не можат да ја слушнат, велат од ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”.
Г.М.