ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид е едно од 90-те избрани средни училишта од Западен Балкан кои ќе учествуваат во програмата за размена на RYCO Superschools. Меѓу овие 90 училишта 16 доаѓаат од Албанија, 16 од Босна и Херцеговина, 5 од Црна Гора, 8 од Косово, 15 од Македонија и 30 од Србија.
RYCO Superschools е програма за училишна размена во WB6 со цел да се поддржи процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог меѓу училиштата, учениците и нивните заедници.
Програмата е дел од мултидонаторски проект, кофинансиран од Европската унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со RYCO.
Проектот „CHANGE“ (Cultural Historical Application Natural Generation Education) е еден од 45-те избрани најдобри проекти кој е изработен во соработка меѓу ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и Техничка школа од Ужице, Република Србија, велат од училиштето.
Преку овој проект ќе се реализираат две интеркултурни размени со по 17 ученици и 2 професори во текот на 2024/2025 наставна година. Координатори на проектот од нашето училиште се наставниците Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, додека координатор од Техничка школа од Ужице е наставничката Ана Анѓиќ, посочуваат од училиштето.
OhridNews