Подигнување на свеста за намалување на емисијата на јаглероден диоксид во околината преку соработката во семејството и училиштата е целтна на е -Твининг проектот „Каде се моите стапалки“ кој го спроведува ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Во проектот се вклучени учениците Филип Атанасов, Михаил Јанески, Мартин Јанески, Никола Ончев, Мелани Тасеска, Кети Јоноска и Марко Попоски, заедно со професорите Јорданка Недеска Симиџиоска и Љупчо Балески, информираат од училиштето.
За таа цел ќе се организираат различни активности како организирање состаноци во училиштето за дизајнирање на различни материјали, лого и постер, организирање на вебинари, спроведување разни активности, кампањи и слично. На почетокот на проектот, се пресмета јаглеродниот отпечаток на секој учесник преку организирање на прашалник. Ајде да видиме каков ќе ни биде резултатот после 3 месеци, додаваат од училиштето.
Во овој проект покрај учениците и наставниците од охридското училиште се вклучени и наставници и ученици од Грција, Франција, Романија, Казахстан, Турција и Азербејџан.
OhridNews