Со појавата на пандемијата на Covid-19 дојде до големи промени во начинот на изведувањето на наставата. Во голем број земји во Европа, настана прекин во изведувањето на настава со различно траење (од неколку недели, па се до неколку месеци), а во некои земји наставата продолжи да се изведува на далечина. Во тие моменти се забележа потребата од воведување на различни начини за изведување на наставата и совладување на одредени пречки особено при изведувањето на стручните предмети во стучните технички училишта, велат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Тоа ја наложи потребата од воведување на виртуелни лаборатории или платформи за симулација. Овие проблеми секоја држава, односно секој образовен систем ги решаваше на различни начини. Бидејќи образовните системи посебно средните стручни технички училишта и покрај своите национални карактеристики се соочуваат со слични проблеми и потешкотии, дојде до развој на идејата за создавање на дигитално училиште односно DigitalVet, велат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
Проектот DigitalVet претставува проект финансиран од програмата Еразмус кој ги спојува партнерите од 6 држави од Европа.
На состанокот со кој се означи почетокот на проектот, а беше одржан преку линковска врска поради Ковид пандемијата, покрај процедурите и обврските од самиот проект беше презентиран и изгледот на самата платформа за учење на далечина. Домаќин на овој состанокот беше Galway and Roscommon Education & Training Board и на него учествуваа сите партнерски организација, додаваат од училиштето.
Главен носител на овој проект е GULCUK MTAL од Турција, а како партнери во проектот се ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Македонија, 2nd School Laboratory Center of Heraklion од Грција, INTER COLLEGE APS од Данска, ROBKOD од Турција, INSTITUTO ESPECIFICO DE FORMACION PROFESIONAL SUPERIOR MIGUEL ALTUNA од Шпанија и Galway and Roscommon Education & Training Board од Ирска.
OhridNews