Денеска од страна на Шумската полиција од Охрид при редовна контрола во село Ботун пронајдени се бесправно складирани 3,5 prm дабово дрво.
Од страна на Шумската полиција со потврда за привремено одземени предмети, дрвната маса е одземена и записнички е предадена на Шумското стопанство Галичица Охрид, посочуваат.
За овој случај, додаваат, Шумската полиција ќе поднесе соодветна пријава до Основен суд во Охрид.
OhridNews