Во текот на ноѓта, во периодот од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли.во Охрид и Струга, полициските службеници затекнале 6 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга-02).

Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките докуемнти и поднесени им се соодветни платни налози, информира СВР Охрид.

 

Во полицискиот билтен евидентиран е и случај на агресивно однесување на маж кон сопруга која била на работно место. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

OhridNews