На 16.02.2025 во 16.10 часот во охридското село Опеница, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 38 и 29 годишни лица, двајцата од Охрид.

Тие се сомничат дека претходно во црква во истото село извршиле кражба, при што одзеле пари. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

OhridNews