Ноќеска помеѓу 22 и 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга- 04,Кичево-09, Дебар-01).
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, соопшти СВР Охрид.
OhridNews