Украинецот Алексеј Торохтиј остана без својот златен медал од Олимписките игри во Лондон 2012 година освоен во кревање тегови до 105 килограми поради позитивен допинг тестл.
Примерокот од урината од Торохтиј бил позитивен на туринабол, кој во 2012 ггодина бил на забранетата листа од сусптанции. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во образложениото наведува дека во новите испитувања биле искористени современи методи и тие помогнале да се открие недозволената супстанца во телото на Украинецот.
Торохтиј покрај одземање на златниот медал се соочи со двегодишна суспензија. Украинецот после ЛОИ 2012 година во Лондон се повлече од спортот, но суспензијата ќе важи за неговата претседателска функција која ја има во Украинската федерација за кревање тегови.
МОК во 2016 година донесе одлука повторно да ги испита сите натпреварувачи од 2008 до 2012 година во кревање тегови кои забележале некој успех. Украинецот е петти кревач на тегови, кој се соочува со суспензија, но прв со голем успех и освојувач на Олимписки медал.
Златниот медал од ЛОИ 2012 ќе му припадне на Иранецот Наваб Насиршелал кога МОК и формално ќе му го одземе и избрише успехот на Торохтиј.
OhridNews