Редула Мора од Германија запрел на патот еден непознат човек и го замолил да ја одвезе неговата болна жена во болницата во Хамбург. Добриот човек тоа го сторил, но не очекувал дека за два дена на домашната адреса ќе му стигне сметка за лечењето на непознатата жена.
Имено, кога ја довезол жената во болница, ги потпишал документите за прием што автоматски го обврзало да плати се што таа не ќе биде во можност да подмири. Иако на суд барал поништување на документите, сепак ќе мора да плати околу 5000 евра.