Пред почеток на новата учебна година компаниите ОДВ Електрик и Магна со вредна донација потребна за квалитетна настава на учениците во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Компаниите ОДВ Електрик и Магна, како општествено одговорни компании и долгогодишни партнери на училиштето, ни донираа мини компјутери и ардуина за подобра реализација на вежбите по предметите автоматика и програмирање за што искажуваме голема благодарност до нив, вели директорот на улилиштето, Сашо Недески

Донацијата од ОДВ Електрик е опремата составена од 10 Raspberry Zero, 2 Rasperry 3B+, 30 RFID читачи и 6 RFID тагови, наменета за осовременување на наставата по стручните предмети со што учениците ќе имаат можност да се обучуваат за работа на овие микрокомпјутери.

Додека, пак, компанијата „Магна“ предаде во училиштето донација која се состои од 25 микроконтролери од типот ARDUINO UNO. Оваа опрема е наменета за одржување на практичните вежби по стручните предмети во училиште, со што учениците ќе имаат можност да се здобијат со компетенции за работа со овој тип на микроконтролери.

Донациите се резултат на повеќегодишната соработка на компаниите ОДВ Електрик и Магна со ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ што се одвива преку дуалното образование, а која ќе продолжи и во наредниот период, посочува Недески.

OhridNews