Црвената боја на коса припаѓа на модерните бои и најчесто е многу тешко да се одржува за да изгледа убаво, негувано и привлечно. За црвената боја да биде што позанесна и за да дојде до полн сјај, потребно е да и се придодаде многу внимание.
Жените кои имаат црвена коса, сведоци се дека бојата со секое миење на косата станува се побледа и побледа и се јавуваат многу незадоволства. Токму затоа треба да се избегнуваат непрофесионални бои, а што повеќе да се користат професионални кои се поквалитетни, побогати со рефлектирачки честички и подолготрајни на косата.
Кај повеќето жени црвената боја почнува да бледнее и станува портокалова наместо црвена. Така портокаловата коса најчесто ја погодуваат временските прилики и влијанијата како сончевата светлина или морската сол.
Затоа црвенокосите треба во целост да се посветат на негата на косата. Во текот на целата година се препорачува користење на шампони кои се наменети за обоена коса и регенаратор кој црвената коса ја прави постојана, помека и посјајна.
Исто така еднаш неделно се препорачува користење на маска за коса која треба да биде хидратантна за да се врати потребната влажност на третираната коса.
Освен шампон, регенератор и маска, природните масла за коса имаат свој удел на негата на косата. Со редовна примена на драгоцените масла на вашата црвена коса ќе и се вати сјајот, мекоста и изгледот, а бројот на испукани влакна ќе биде се помал.
По некое време, односно месеци, секоја обоена коса бледнее,па би било добро кога би користеле крем во боја кој дефинитивно ќе ја врати изгубената боја. Во таквите кремови спаѓаат преливите за коса кои се многу слични на маските но имаат повеќе витамини и минерали.
Својата црвена коса немојте претерано да ја изложувате на високи температури и хемиски третмани за да не ја оштетите дополнително. Наместо тоа практикувајте витлери без сушење. Се препорачува носење на дебели витлери околу 12 часа за најдобри резултати и постојани и заносни локни.
извор:zanosna.com