Соработка и размена на добри практики за одржлива урбана мобилност, климатска адаптација и дигитални решенија во јавниот транспорт, со фокус на Западен Балкан, е целта на дводневната конференција „Green Urban Transport Solutions“ која се одржува во Охрид.
Прашањата на кои се фокусира и Европската Унија се климатската неутралност во наредните неколку години и како земја членка на ЕУ сме среќни дека шесте земји од Западен Балкан се согласија за спроведување на зелената агенда и се прифатени сите цели, истакна Ивен Шад, прв секретар во Германска амбасада во Тирана.
Точно е дека транспортот придонесува за зголемување на емисиите на јаглерод диоксид, не само во Северна Македонија, но за среќа има алтернативи кои може да работат на намалување на овие емисии. Можеме да говориме малку повеќе за урбаната мобилност, малку повеќе да се фокусираме на бројот на индивидуални возења, имобилност и зголемување на бројот на пешаци и велосипедски возења. Кога зборуваме за поврзаноста помеѓу земјите од Западен Балкан мислиме дека повеќе треба да се користи Коридор 8, како и поголемо користење на железничкиот транспорт како за патници, така и за стока. Како билатерална помош ние можеме да работиме на развивање на студии, експертиза.
Методија Атанасовски, проедекан за наука на Технички факултет Битола, потенцираше дека во иднина ќе се размислува во насока на предизвиците кои ги донесуваат електричните возила кои треба да го намалат загадувањето од еден аспект.
Тука се наметнува како решение во транспортот и водородот, за кој многу се дискутира. Интегрално парелелно со инфраструктурата треба да се решавааат прашањата и во транспортот и со тоа ќе се стигне до одржливи решенија како во градовите, така и инфраструктурно и во целата држава. Ваквите настани ќе придонесат да можеме да следиме што се случува во европските и светски текови и да можеме да фатиме приклучок во таа област. Применување во пракса на можните решенија бара поголема отвореност и на државните и локални институции кон академската средина. Државата треба да размисли прво да ја подобри патната инфраструктура и во рамки на градовите да ги реши горливите прашања за да можеме да фатиме приклучок. Државата треба да смогне сили и доста да вложи во оваа област и во замена на сообраќајните средства за превоз и во делот на решавање инегрално на превозот како во градовите, така и меѓу градовите.
Недим Беговиќ, во име на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, посочи дека нивната цел е да го интегрираат транспортниот пазар на Западен Балкан со транспортниот пазар на ЕУ.
Да ги донесеме истите страндарди, закони, сите да станеме една голема Унија која го обединува транспортниот сектор. Одржливата мобилност е целата која ние сакаме да ја постигнеме и всушност за тоа постои и Стратегија. Истата подразбира носење на решенија кои ќе донесат една поголема посветеност кон зелената агенда и зелените решенија. Кога зборуваме за градовите знаеме дека нашите градови се едни од најзагадените во Европа, а знаеме дека транспортниот сектор е еден од најголемите загадувачи, бараме решенија кои ќе носат нула емисии. Минатата година нашите министри донесоа една декларација за чисти автобуси. Работиме со ЕУ да видиме како можеме да имаме почисти автобуси на нашите патишта. Оваа Конференција е посветена токму на тоа. За таа цел поканати се претставници од министерставата, општините, академската заедница за да видиме како сите можеме да работиме за ова цел.
Додаде дека ако има политичка волја може да има една платформа за чисти автобуси, потенцирајќи дека ќе се согледаат потребите на сите градови, можностите да се одговори на истите за да се почувствува вистинската корист од една ваква платформа.
Урбаната мобилност е таа која како Општина Охрид ја имаме за приоритет истанка претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.
Имаме донесен план за Урбана мобилност и истиот е вклучен во сите активности кои ние ги спроведуваме без разлика дали се работи за сообраќајно решение, инфраструктурен проект или прашања од животната средина. Сите проекти кои досега сме ги реализирале, меѓу нив улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември“, се улици каде е застапена урбаната мобилност и се гледало да се внимава на сите работи кои ќе бидат во заштита на животната средина, како од типот на сообраќајното решение, велосипедски патеки, тоа што треба да го имаме како побезбедна средина за живеење.
Инаку на Конференцијата присутни се претставници од Европската комисија, од регионот, како и од факултетите и истражувачки институции од областа на сообраќајот и транспортот. Истата се одржува традиционално секоја година почнувајќи од 2016 година.
Конференцијата е организирана во соработка со Транспортната заедница, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Општина Охрид, Техничкиот факултет во Битола и CIVINET Slovenia-Croatia.
Н.С.Ј.
фото.А. Момироска