Вo прекрасен амбиент, во просториите на Младинскиот центар Охрид, на шести ноември, во чест на Денот на ослободување на Охрид, во организација на ШК Ласкер Охрид, со подршка на Општина Охрид се одржа II Општинско првенство во шах „7 Ноември 2022“.

Се играше во 7 кола Швајцарски систем, темпо на игра 10’05. Учество зедоа 24 шахисти, меѓу кои и 3 девојки. Најуспешен беше Љупчо Попаѓоски со 6 поени од 7 партии, втор беше Методија Анѓелкоски со 6 поени но послаб бухолц, а тертото место го освои Александар Алексовски со 5 поени и најдобар бухолц во споредба со шахистите кои имаа 5 поени Даниел Нунески и Стојан Велкоски, шестото место го освои Ерол Су со 4 поени, најдобар возрасен шахист 65+ беше Пандо Пурцов со 4 поени, најдобра шахистка беше прогласена Јана Анѓелкоска со 4 поени, најдобар млад шахист роден 2008 и помлад Михаил Николовски со освоени 4 поени, информираат од клубот.

Наградите на најуспешните им ги додели советникот од Општина Охрид, Антонио Наумоски. Годишната програмата на ШК Ласкер Охрид, е финансиски подржана од Општина Охрид.

OhridNews