Изминатиов викенд во Портланд, во американската држава Орегон, одржано било светското првенство во бради и бркови, а натпреварувачите се натпреварувале во вкупно 18 категории. Како што пренесуваат светските медиуми, се натпреварувале повеќе од 300 мажи од девет земји во светот.
Главниот победник на оваа весела, „влакнеста“ манифестација е Медисон Роули кој шампионската титула ја прославил украсувајќи ја со цвеќе својата импресивна брада. Наградени биле уште 17 натпреварувачи во категории како што се „најдобри англиски бркови“, „најдобри царски бркови“ и „најдобра природна брада“.