Повеќе од 150 луѓе, и покрај силниот ветер и дождот учествувале во традиционалното годишно светско првенство во нуркање во кал одржано во Велс. Се собрале натпреварувачи од цела Велика Британија. Натпреварувањето го измислил 74-годишниот Гордон Грин, кој оваа година за прв пат и самиот учествувал.
Целта на натпреварувањето е да се поминат во што пократко време два канали долги по 55 метри. Натпреварувачите користат маски и пераи. Некои натпреварувачи користат и одела за нуркање. Гордон се обидел да ја натера и својата 66-годишна сопруга да учествува на натпреварот, но не успеал.