Во организација на Велосипедска Федерација на Македонија и Велоспедскиот Клуб Екодром – Охрид, како технички организатор и домаќин на настанот се одржа трката за државен шампион на Македонија во три класи, Јуниори, Сениори, Мастерси.
Патека чијс должина изнесува 5,4 км велоспедистите на ЕкоДром ја подготвија според меѓународните стандарди за одржување на Крос Кaнтри натпревари.
Оваа патеека е класифицирана како најтешко подготвена патека во Македонија за ваков вид на натпревар , како според кондиционата така и според техничката подготвеност на велосипедистите. За време на трката беше извршена промена на теренот од 6 категории на подлога и најразлична живоописност на природните убавини низ кои поминува патеката.
На стартот се појавија 6 клубови од Македонија со вкупно 40 натпреварувачи, подготвени да си ги измерат силите.
Во јуниорска конкуренција победи Јахи Ибиши од ВК Енерџи – Скопје, пред Владимир Бошкоски од ВК Екстримбајк – Битола, додека третопласиран беше Јован Јованоски од ВК Екодром – Охрид
Кај сениорите најбрз беше Љубиша Кондев од ВК Енерџи – Скопје, втор трката ја заврши Влатко Костадинов од ВК Водно – Скопје, а трет на целта стигна Димитар Јованоски од ВК Енерџи – Скопје.
Во Мастерс конкуренцијата еден два триумф за ВК Енерџи од Скопје , прв беше Дејан Тодороски, втор Владимир Секулоски додека место на подиумот избори охриѓанецот Горан Митрески.
Наградите на победниците им ги врачи директорот на НПГ Г-дин Зоран Ангелоски ,а според судиите организацијата на целиот настан помина во најдобар можен ред, без никакви неправилности, недостатоци и непредвидливи повреди, со што ВК ЕкоДром, како домаќин беше пофален за беспрекорната организација на настанот.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com