Во организација на Едриличарската федерација на Македонија (ЕФМ) и Едриличарскиот клуб Снегар од Струга се одржа критериумско државно младинско едриличарско првенство во класите Оптимист, Ласер 4.7 и ревијално учество во кадет 470ка.

Своите едриличарски способности, едриличарите од струшките и охридските клубови ги покажаа на регатното поле пред Градска Плажа во Струга. Поволниот ветер од просечно 7 чвора овозможи да се заокружи бодовниот циклус за рангирање.

Резултати:

Ласер 4.7

1. Илија Јовчески

2. Дамјан Поп Стефанија

3. Кристијан Дуноски

Оптимист

1. Стефан Негриески

2. Мерт Лушо

3. Софија Ставрева

Ревијално учество во атрактивната класа 470ка забележија Иво Илинчев, Илче Грунче, Јана Гаџоска и Јана Наумоска.

OhridNews