Уште еден успешно реализиран турнир на ШК „Ласкер” Охрид. На IV Општинско првенство во шах “7 Ноември 2024” во чест на Денот на ослободување на Охрид учествуваа 34 шахисти.
Најдобри беа во женска конкуренција Емилија Лушеска, Павел Мишевски во категорија „под 14 години”, Иван Пероски во категорија „под 12 години”, Алексовски Александар освои трето место, Иван Велкоски второ додека Стојан Велкоски беше победник, информираат од ШК „Ласкер”.
Турнирот се играше во 7 кола по Швајцарски систем.
Н.С.Ј.