Во Центарот за култура вчеравечер се одржа Годишното собрание на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред присутните се обратија Потпретседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски, поранешната Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и актуелна пратеничка Анита Кипаризова – Крстевска, Славица Јанковска, Претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид и Косана Николиќ – Мазнева, Претседател на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.


Потпретседателот на општинскиот комитет, Дејан Паноски потенцира дека се живее во ново,  модерно време, но и натаму носителите на традициите се преточени во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако денес менаџерки, директорки, докторки, учителки, како леб насушен ни требаат такви чувари на идентитетските кодови, такви борци за своето парче земја, борци за својот род. Соочени сме и со модерните предизвици, модерните растурачи на традициите и вредностите против кои како конзервативна партијата мораме да се бориме. И за тие модерни отклонувања од традиционалните вредности потребна е сила  и потребна е победа. Најдлабоко верувам дека силата за таа борба е овде, силата е во сите вас, силата е во Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што вие сте чуварот на нашиот код и нашите традиционални вредности, рече Паноски.

OhridNews