Со дружење и спортување со голема доза на позитивна енергија поминаа Спортските игри за општинските претпријатија организирано од ЈП „Билјанини Извори“. Машките и женските своите спортски вештини ги испробаа во мал фудбал, тенис, баскет и пинг понг, а сите заедно на коктел ги раскажаа впечатоците.
- Максимата дека „Спортот има моќ да ги поврзе луѓето“ е вистинита. Доказ за тоа сме и ние денес овде присутните. Иако доаѓаме од различни сфери, на теренот сме обединети кон една заедничка идеа, а тоа е да бидеме најдобри секој во својот дел од тимот. Тимската работа е она што не прави да бидеме подобри, бидејќи ниеден од нас не е попаметен колку сите ние заедно. Но тоа не е случај само во спортот. Тимската работа е потребна и во извршувањето на секојдневните активности на Вашите работни места. Сите ние треба да бидеме една целина за да ги испорачаме услугите кој што ги очекуваат од нас. Токму ваквите дружење ни помагаат да го сфатиме значењето на тимската работа. Затоа овој настан е особено важен за секој од нас.Би сакал овој настан во иднина да прерасне во традиција, и од година во година бројот на пријавени да се зголемува. За крај Би ви посакал, да имате успешен натпреварувачки ден, а на крајот од денот сите да се чувствувате како победници, бидејќи дружењето со пријателите, креирањето спомени и најважно од се позитивната енергија и смеење немаат цена. – рече в.д. градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
ЈП „Билјанини Извори“ најдобрите ги награди со пехари, медали и признанија.
OhridNews