Сојузот за училишен спорт од Охрид, локалната самоуправа и домаќинот Основното училиште Живко Чинго по поводот роденденот на Тодор Александров по четврти пат организираа спортски игри на кои учествуваа сите основни училишта.
Во спортската сала во Велгошти која го носи името на Тодор Александров основците се натпреваруваа во пинг понг, шах, кошарка и футсал.
Пласман:
Пинг понг
(женски): Теодора Танеска (О.У. Христо Узонов), Кристина Китрозоска (О.У. Живко Чинго), Кристина Маркоска (О.У. Живко Чинго).
(машки): Христијан Стефаноски (О.У. Христо Узонов), Виктор Наумоски (О.У. Григор Прличев), Филип Наумоски (О.У. Св. Наум Охридски).
Кошарка
(женски): О.У. Христо Узонов (прва екипа), О.У. Христо Узонов (втора екипа), О.У. Климент Охридски
(машки): О.У. Христо Узонов (прва екипа), О.У. Христо Узонов (втора екипа), О.У. О.У. Ванчо Николески
Шах
(женски): Јана Анѓелкоска (О.У. Христо Узонов), Симона Башкоска (О.У. Христо Узонов), Христина Митреска (О.У. Христо Узонов)
(машки): Антонио Достиноски (О.У. Живко Чинго), Гзим Демироски (О.У. Братсво Единство) Христијан Достиноски (О.У. Живко Чинго)
Футсал: О.У. Христо Узонов, О.У. Св. Наум Охридски, О.У. Св. Климент Охридски.
Сојузот на училишен спорт и локалната самоуправа обезбедија награди за најдобри кои им ги врачија советниците од советот на Општина Охрид.
OhridNews