Во просториите на Црвен крст Охрид беше одржана врсничка едукација за превенција од болести на зависности, во организација на Клубот на млади.
Според светските научни истражувања најактивните корисници на дрога, алкохол и цигари се млади на возраст од 18-25 години. Врсничка едукација се одржа на една од најрелевантните теми за младите, со цел едуцирање и позитивно влијание на нив. Едуцирани беа 17 млади волонтери, информираат од Клубот.
Додаваат дека било спроведено и запознавање со симптомите, последиците и начините на превенција на болести од зависности (цигари, дрога и алкохол). Порачуваат до своите врсници да бидат едуцирани и безбедни.
OhridNews