Во водите на Охридското езеро беше одржана меѓународната веслачка регата „Струга Опен“. На традиционалната регата настапија вкупно 48 натпреварувачи, а најуспешни беа охридските и струшките веслачи.
Во три од шест дисциплини победа забележаа веслачите од охридскиот клуб Југ. Во две триумфираа струшките веслачи, а едно прво место освоија веслачите од Бугарија.
Резултати :
Скиф за пионери: Милана Атанасова од ВК Тракија, Пловдив,
Дубл за пионери: Викторија Постолоска и Ева Попоска ВК Црн Дрим – Струга
Скиф пионери. Ристо Малезан Радиќески ВК Југ – Охрид
Дубл пионери:Ристо Малезан Радиќески. ВК.Југ – Охрид
Скиф Јуниори: Михаил Тасевски ВК. Југ – Охрид
Скиф Сениори: Кирил Миладинов ВК. Црн Дрим- Струга
Ohridnews