Со организирање на трибини КФМ ке го проверува пулсот на екипите кои во наредното првенстово ке бидат дел од женската прва лига. Токму една таква трибина се одржа во просториите на Кошаркарската Федерација на Македонија  на која клубовите повторно ги истакнаа своите проблеми кои во најголем дел се од финансиска природа.

На трибината присуствуваа претставници на КФМ, на женските кошаркарски клубови во државата, на Факултетот за Физичка култура, како и легендата на македонската кошарка, Стојна Вангеловска и проф. д-р Зоран Поповски.
Претседателот на КФМ, Даниел Димевски, изрази подготвеност на КФМ да излезе во пресрет на сите проблеми, со кои се соочуваат луѓето, кои работат во женската кошарка.

Ништо ново околу состојбите во женската кошарка во Македонија не слушнавме од луѓето кои ги водат клубовите освен финансиските проблеми кои ги мачат, тие ја истакнаа желбата во иднина женската кошарка во Македонија да добие поголема медиумска експонираност,а дел од нив побараа КФМ да им помогне во одредени сегменти, главно на финансиски и организациски план.

Стојна Вангеловска изјави дека македонската кошарка мора да се отвори, а тоа ќе стане само со играње на меѓународни натпревари, претежно на клупско ниво.
     
– Потребно е и да се изработи програма, која ќе ја опфати работата уште од училишна возраст. Имав можност да отидам во сите градови во Македонија, можам да кажам дека квантитет и потенцијал има. Треба само да се активираат луѓето, да се направи систем, кој ќе овозможи целосна реализација на тој потенцијал. – вели Вангеловска

Првенството во женска конкуренција започнува на 6 октомври, а пријавени се 7 екипи.Актуелен шампион е тимот на Вигор Скпоје кој во финалето на плеј оф-от ја совлдаа охридската Билјана 006.

Мирко Постоловски