По повод празникот 7- ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, денес се одржа свечена седница на која присуствуваа голем број граѓани кои со едноминутно молчење им оддадоја почит на погинатите борци за слободата на Охрид и починатите учесници во Народно Ослободителната Борба.


Пред присутните се обрати претседателот на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца, Гоце Ѓорѓиески.

Не можеме да не си приспомнеме на бурните настани кои се случуваа на 7- ми ноември, пред 66 години,  кога започнаа борбите со германските сили за ослободување на Охрид. Сите ние треба да се однесува со должна почит кон оние кои го дадоја животот за слободата во која сега живееме, рече Ѓорѓиески.


Како генерација сме одговорни да го почитуваме она што со крв е спечалено,да ја чуваме слободата и независноста и да ја развиваме сопствената држава.Тоа треба да го прават сите граѓани , а посебно ние кои вршиме важни општествени и политички функции, на присутните им се обрати и градоначалникот Александар Петрески.


 
Во рамки на свечената седница свој настап имаа и учениците од основното музичко училиште Методиј Патчев.

Со низа активности чествувањето на празникот продолжува и во текот на наредните два дена.

Т. К.