Викендов Едриличарската федерација на Македонија и едриличарските клубови СНЕГАР и СИРМА од Струга организираа за прв пат во нашата земја Дипломатска Регата, на која покрај македонските учесници учество зедоа претставници од амбасадите во Македонија. На регатното поле пред х. Дрим во Струга, силите ги одмерија вкупно 9 екипажи кои се натпреваруваа во класата Минитонец и Микротонец.
Во Класа Минитонец, првото место го освои екипата на ВИКО 25, второпласирани беа претставниците на Америчканската Амбасада со МИЛКА, а третото место му припадна на екипажот на ВИНТУ. Во класата Микротонец, со златен медал се закитија претставниците на Швајцарската Амбасада со ХУНТЕР, среброто го освои екипата на КСК НАУТИКА- ИНКОГНИТО, а бронзата отиде кај екипажот на ВАРИЈАНТА.