Во Рига била одржана парада на блондинки, наменета за подигнување на моралот во Летонија, која е погодена од економската криза. Повеќе од 800 блондинки во розе облека прошетале низ улиците на Рига во парадата која се одржува по втор пат. Организаторите сакаат парадата да прерасне во традиција која ќе се одржува секоја година.
Парадата била завршниот дел од манифестацијата која започнала на почетокот од минатата седмица. Одржан бил и конкурс за избор на жена која најмногу личи на Мерлин Монро. Парите кои биле собрани одат во добротворни цели, првенствено за уредување спортски терени за хендикепирани деца.