Едриличарите, го прославија празникот 11 Октомври, на свој начин, организирајќи ја по 4ти пат Ветеранската регата  во Оптимист, каде возрасните беа деца а децата организатори.Младите членови од Едриличарскиот клуб АМАК СП – БОФОР докажаа дека не само што се одлични едриличари, туку и одлични организатори на регати и дека претставуваат цврст столб на едрењето во Македонија во секој поглед.


На оваа регата покрај едриличарите од клубот домакин учество зедоа и ветераните од  ЕК СТРМЕЦ – Охрид.Љупчо Поп- Стефанија од ЕК СТРМЕЦ – Охрид, трета година по ред го завзема првото место, второпласиран беше Деан Ошавков од ЕК АМАК СП -БОФОР, а третото место му припадна на  Стефан Ставрев од истиот клуб.


Клубот домакин планира оваа регата, која е од забавен карактер,  редовно да се одржува и во наредните години , а  со цел младите едриличари кои во случајов беа Судии и членови на Регатен и Протестен Одбор да  го научат начинот на

организирање на регати како и да ги унапредат знаењата за Регатните правила.