Oдржана обука на 42 наставници од осум основни училишта од Општина Охрид и две основни училишта од Oпштина Ресен кои сакаат да одржуваат часовите по шах. Обуката беше реализирана од страна на Марјан Митков и Борис Лушески.
Секое од присутните училишта од Шаховска Федерација на Македонија доби донација комплети шаховски фигури, додека од ШК Ласкер Охрид добија по еден Прирачник за шах. Сите учесници добија и сертификати за учество на обуката. Остануваме отворени за соработка за сите училишта, јавни институции и приватни компании кои сакаат да се приклучат кон оваа идеја за имплементирање на шахот како предмет во основните училишта и да им дадеме можност на најмладите преку изучување на шахот да ги подобрат своите когнитивни способности, велат од ШК „Ласкер“.
Оваа година, додаваат, се „засилени“ со уште еден партнер и упатуваат благодарност до NLB Banka Skopje која ги препознала нивните напори и ентузијазам да направат исчекор и да им понудат на наставниците и учениците можност да изберат да го изучуваат шахот.
Потенцираат дека со финансиската поддршка од NLB Banka Skopje биле набавени шаховски гарнитури кои ќе бидат донираме на училиштата кои беа дел од обуките.
OhridNews