Едриличарските клубови од „Бофор“ од Охрид и „Снегар“ од Струга ги одмерија силите во неколку олимписки класи во едрење. На регатите учествуваа вкупно 25 едриличари од овие два клуба, како и пратечката екипа составена од судии и тренери.
Едриличарите се натпреваруваа во олимписките класи Ласер стандард, Ласер радијал, Ласер 4.7, Фин, Европа, како и најмалата класа Оптимист. Од оптимистите најдобар беше Димитар Поп стефанија од ЕК „Стрмец“, второто место му припадна на Илче Грунчев од ЕК „Бофор“ од Охрид, додека трет беше Златко Златески од Е.К „Снегар“ од Струга. Слабиот ветер со константен правец и јачина не беше причина едриличарите да не покажат солидни резултати, истакна Влатко Кавај од ЕК „Стрмец“. Кавај додава дека денешните регати ќе бидат добра подготовка за претстојните учества од меѓународен карактер.
Кавај информира и за нови активности на едриличарите. Имено од неодамна имаме сознанија за интензивирани активности на создавање на едриличарски клубови од соседна Албанија како и на создавање на едриличарска федерација. Се надеваме дека ќе стапиме во контакт со нив се со цел остварување на подобри резултати“ потенцира Влатко Кавај. Просветителските регати се одржаа на добро познатото регатно поле “Градска Плажа” а беа во во организација на ЕК “Снегар“ од Струга.
Во ООУ „Братство Единство“ Охрид, се одигра трето коло од Бизнис лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид, На Бизнис лига Охрид 2025 во шах учествуваат седум екипи: Опен ГИ Охрид,...
Во рамки на 22 коло од Супер лигата ракометарите на ГРК Охрид во среда гостуваат кај екипата на Алкалоид, кога ќе го одиграат последниот натпревар од регуларниот дел Не очекува тежок натпревар кој ...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 21-то коло од Втората македонска фудбалска лига денес играат со екипата на Победа Прилеп Натпреварот се игра на стадионот во Струга со почеток во 15 часот OhridNews...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.