Од 21ви до 24ти Октомври беше одржан вториот по ред Меч Рејс Куп – Охрид 2021, во организација на едриличарските клубови „Акватика Јахтинг“ и „Меч Рејс Клуб“ од Охрид, а со поддршка на Општина Охрид, Едриличарска Федерација на Северна Македонија и Агенција за млади и спорт.
“Match Race” е дисциплина во спортско едрење, во која меѓусебно се натпреваруваат повеќе тимови во две идентични едрилици. Тоа е еден-на-еден дуел, во кој секој тим има своја стратегија и тактика за остварување на крајната цел, први да ја поминат целната линија. Се натпреваруваа три тима „Нов Ветер“ од Скопје, „Акватика Јахтинг“ и „Меч Рејс Клуб“ од Охрид. Овогодишен победник на купот и бранител на трофејот за следната година е тимот на Меч Рејс Клуб од Охрид, велат организаторите.
Додаваат дека целта на овој настан е подигнување на имиџот на едрењето, односно едрењето да се претстави како врвен професионален спорт и да се промовира можноста за развој на спортскиот туризам во Охрид и Охридското Езеро, една од гранките во туризмот со огромен потенцијал за развој.
OhridNews