Стрелачкиот клуб и Општинскиот сојуз од Охрид викендов на стрелиштето „Бејбунар“ традиционално го организираа турнирот „Илинден 2016“.
На турнирот учествуваа повеќе од 30 стрелци од клубовите Санел и Пирин (Бугарија), Врање (Србија) и македонските Велес и Херој, а се натпреваруваа во гаѓање со воздушно оружје.
Охридскиот клуб во екипен пласман го освои третото место додека во поединечна конкуренција Михаил Шишкоски со 399,7 кругови се пласираше на втората позиција, а истиот пласман го имаше и Мартина Петровска во конкуренција со 399,7 кругови.
OhridNews