Традиционално, и оваа година, охридскиот кајак клуб „Ехо“ одржа еднонеделен подготвителен камп во Љубаништа. Под водство на тренер Ристо Чуркоски, младите членови на клубот на возраст од 10 до 20 години, секојдневно имаа можност да учествуваат на тренинзите и да ги подобруваат своите кајакарски вештини.

Традицијата продолжува, најавуваат од клубот „Ехо“, кампот ќе се одржи и наредната година.

Инаку, уписот на нови членови во клубот е во тек. Заинтересираните можат да се пријават секој ден од 9 до 11 часот на плажата Потпеш.

OhridNews