По четврти пат во Оровник по повод празникот Велигден се одржа традиционалниот атлетски маратон.
Првото место го освои Александар Маркоски, на втората позиција финишираше Јованчо Митрески додека трет делницата ја мина Климент Јолакоски.
Годинава на стартот за прв пат се појави девојка во името на Марија Тасева, која беше рамо до рамо со учесниците во машка конкуренција.
Организаторите најавуваат дека в година ќе биде помасовно со учесници од градот Охрид и другите општини од регионов.
Ohridnews