Денес на иницијатива на СВР Охрид во просториите на Oпштина Дебрца се одржа состанок за заштита од пожари на отоврен простор, каде покрај претставници на СВР Охрид присуствуваа и претставници на месните заедници во општината, членови на Штабот за заштита и спасување во Oпштина Дебрца како и претставници на ЈП „Национални Шуми” подружница „Галичица”.

На координативниот и советодавен состанок беше анализиран степенот на загрозеност на шумите на подрачјето на Општина Дебрца како и шумски предели и необработливо земјоделско земјиште од пожари како и превенција за рана детекција на пожар на отворен простор. Од страна на претставници на СВР Охрид присутните беа известени за формирање на мобилни тимови составени од надлежни служби кои, ќе вршат патрола на територија на општина Дебрца за избегнување на пожар на отворен простор, информираат од Општина Дебрца.

Воедно, додаваат, присутните биле известени и за забраната за движење во шуми и шумски предели без согласност издадена од ЈП „Национални Шуми” подружница „Галичица” да не се движат во шумите и истата треба да се почитува и подлежи на санкции.

OhridNews