Во организација на АФМ (Атлетска Федерација на Македонија) Охрид изминатиот викенд ,беше домаќин на Семинарот за атлетски судии. Околу 70 учесници, поголем број активни и поранешни атлетичари учествуваа на семинарот кој го отвори претседателот на Атлетската федерација на Македонија, Цветко Грозданов.

Предавач на семинарот беше претседателот на судиската организација во Бугарската атлетска федерација, проф. Д-р Апостол Славчев кој ги запозна новопечените судии со aктуелните проблеми на правилата и судењето.
 
Покрај разговорот на актуелните теми, цел на гостувањето на проф. Д-р Апостол Славчев  пренесувањето на искуствата на бугарската судиска организација.

 – Овај семинар е и во правец на следење на трендовите на атлетските случувања. изјави проф. Д-р Апостол Славчев. Идејата е да се воспостават подобри контакти, како и олеснување на македонските колеги за што подобро организарање на натпревари. Пријатно сум изненаден од интересот кој го пројавија колегите.

Ваквиот принцип на работа ќе биде и понтамошна пракса во активностите на АФМ, а преседателот на федерацијата Цветко Грозданов најави и реализација  на нови проекти.

–  По организацијата на овај семинар, цел на новото раководство во Федерацијата ќе биде организирaње на семинар за атлетски тренери. Инвестирањето како во инфраструктурата (атлетски стази, терени) така и човечките ресури е примарна цел. Еден од идејни проекти е комплетно реконструирање на атлетската патека на “Билјани Извори“ – вели Грозданов.
Далеку е се уште “кралицата на спортовите“ во нашата држава од своето реноме, но од федерацијата најавуваат макотрпна работа за да се врати атлетиката онаму каде и е местото.