По повод меѓународниот Ден на мирот, ученици и професори на ПСУ Јахја Кемал Струга организираа ревијален велосипедски маратон кој започна на градскиот плоштад во Струга а заврши во охридската чаршија.

Учесниците подготвија пораки за мир кои цело време ги носеа со себе, а со доаѓањето во Охрид беше одржано кратко предавање за значењето на овој ден а пораките беа поделени на случајните минувачи, закачени на околните дрва и симболично испратени со балони кон небото.

Идејата беше да се прослави овој важен ден за човештвото и да се покаже универзалниот стремеж на сите нации кон зачувување на мирот, покрај тоа идејата ни беше тоа да го направиме преку промоција на велосипедот како алтернативно транспортно средство во борбата против глобалното загадување . – велат од управата на колеџот.

OhridNews