Стотици луѓе се собрале минатиот викенд на првиот саем за разводи во Велика Британија, барајќи утеха по разделбата од животниот партнер.
Организаторите на саемот со назив “Започнете од почеток“, наведуваат дека целта на манифестацијата е да им помогнат на луѓето да се опорават по разводот. Саемот е одржан во еден хотел во Брајтон.
Организаторката Сузи Милер вели дека намерата е да се обрне внимание на позитивните аспекти на животот, како и да се пружи поддршка на сите оние кои неодамна се развеле.
Посетителите имале можност да разговараат со адвокати, астролози, финансиски советници и советници за унапредување на начинот на живот. Во понудата биле и детски игрални, како и чаеви и колачи.