Во прекрасен природа, во дружење, игра и забава, децата што ја следат програмата во едукативниот центар на Црвен крст Охрид, „Полетарче“ го одржаа последниот час од пролетниот циклус на Програмата за подготовка на деца за во училиште.

Оваа програма веќе трета година успешно се спроведува во Црвен крст Охрид, а ја следат деца од 3-5 годишна возраст кои имаат единствена можност, преку игра, забава и дружење да ја развиваат и јакнат самодовербата, да применуваат креативни вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и одржување на вниманието и друго, велат од Црвен крст.

Во детскиот забавен парк „кај мостот“, за успешно завршениот пролетен циклус на „Полетарче“, на децата им беа поделени соодветни сертификати.

Новиот, есенски циклус на забавно-едукативната програма за деца од 3-5 годишна возраст во едукативниот центар на Црвен крст Охрид-Полетарче ќе започне во септември 2024.

OhridNews